Финска им дозволи на САД да користат 15 нејзини воени бази

Финскиот парламент едногласно го одобри Договорот за одбранбена соработка со Соединетите држави.

Со него се предвидува земјата да ги отвори вратите на 15 свои воени објекти за употреба од страна на американската војска.

Исто така, дозволува распоредување на американски воен персонал, оружје, муниција и воена опрема на нејзина територија.

Дополнително, договорот опфаќа формирање на одредени воени зони, кои ќе вклучуваат објекти кои ќе бидат достапни само за американскиот персонал.

Договорот за одбранбена соработка беше потпишан во декември минатата година, но беше потребно одобрение од парламентот.

Пратеничката Ана Контула се залагаше за отфрлање на договорот, но нејзиниот предлог не доби поддршка.

Уставната комисија пресметала дека договорот мора да биде одобрен од две третини од пратениците. Комитетот смета дека договорот не е во спротивност со уставот на земјата.

Документот за соработка во одбраната создава основа за постојано присуство на американската војска во Финска. Така, земјата се надева дека соработката со САД ќе ја подобри безбедносната ситуација на теренот.

Соединетите држави имаат слични договори со повеќе од 20 земји.

Како што беше претходно објавено, Финска официјално стана 31-та членка на НАТО на 4 април 2023 година.

Финската влада истакна дека оваа одлука е донесена од безбедносни причини, бидејќи земјата има релативно долга граница со Русија која изнесува над 1.300 километри.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот