Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Најсложената операција во целокупниот овој систем ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ, порача новиот партиски лидер Венко Филипче.

Според него во партијата има една генерално лоша внатрешна комуникација помеѓу луѓето и една таборизација, вели новиот лидер на СДСМ Венко Филипче во гостување на Топ Тема на ТВ Телма.

Затоа тој предлага многу почести средби на раководството со членството низ општинските организации.

– Сметам дека со овој пристап во којшто многу често ќе бидеме на терен, ќе разговараме со сите и што повеќе луѓе ќе бидат вклучени во градењето на политиките, ние партијата ќе ја трансформираме во една ефикасна организација, којашто ќе носи политики во интерес на сите, рече Филипче.

Откако му беше посочено дека таборизацијата отсекогаш била болка на СДСМ, Филипче го отфрли овој аргумент, тврдејќи дека луѓето одат кон таборизација и се групираат во табори тогаш кога не им се слуша гласот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот