Филипче ја одржа првата координација со пратеничката група – фокус ќе биде враќање на довербата

фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ги започна редовните координации со пратеничката група за организирано и силно делување во македонското Собрание, информираа од партијата.

„Денес се одржа првата средба со која се означува почетокот на новото политичко делување на партијата. На средбата се разговараше за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието. Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај грѓаните а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните“, порачал Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот