Филип Најдовски по четири години се врати во Вардар

Фото: ФК Вардар

Искусниот дефанзивец Филип Најдовски денеска е претставен како големо засилување за Вардар за наредната сезона.

За Најдовски ова е враќање во Вардар по четири години и во првата изјава изрази задоволство што повторно ќе го носи црвено-црниот дрес.

„Чест и привилегија е по четири години повторно да го облечам светиот дрес. Верувам во овој проект затоа што сум тука. Понудата од Вардар едноставно не можев да ја одбијам, тука е мојот втор дом. Сакаме Вардар да го вратиме на вистинските патеки, а тоа е во самиот врв на македонскиот фудбал и секако во Европа“, изјави Најдовски.

Овој трансфер на Најдовски треба да е само почеток во промените кои се најавени во Вардар во наредниот период. Црвено-црните денеска ги започнуваат и подготовките за новата сезона.

Комити: Вардар доби нов сопственик!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот