Фифти-Сент го исмеа Диди: „Овде сум во добро друштво и немам 1.000 шишиња лубриканти дома“

Фифти-Сент и Диди / Фото: EPA

Раперот Куртис Џејмс Џексон, познат како Фифти-Сент, се пошегува на сметка на својот колега Шон Комбс, познат како Пи Диди, откако беше уапсен за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и злосторства поврзани со проституција.

Како што пренесоа светските медиуми, на почетокот на годината полицијата влезе во домовите на Диди и конфискуваше повеќе од 1.000 шишиња бебешко масло и лубриканти.

Неверојатната бројка стана топ тема на социјалните мрежи, а свој коментар напиша и Фифти-Сент.

„Овде сум во доброто друштво на Дру Баримор и немам 1.000 шишиња лубриканти во својот дом“, напиша раперот на своите профили, каде што објави фотографија од појавувањето во емисијата „Шоуто на Дру Баримор“.

Фото: Инстаграм/Фифти-Сент

Фифти-Сент и Диди се во повеќегодишен конфликт, кој повторно стана актуелен среде правните проблеми на Диди. Како што пишува „Пејџ сикс“, Фифти-Сент сака да продуцира документарен филм за целата ситуација, кој ќе го нарече „Дали го направи тоа?“.

Да потсетиме, падот на Диди започна минатата година во ноември, кога неговата поранешна девојка Касандра Вентура, позната како Каси, го обвини за силување и физичко малтретирање.

Каси и Диди во 2006 година / Фото: Profimedia

Двојката се смири еден ден подоцна, а потоа најмалку уште седум други лица изнесоа слични обвинувања против раперот. Сега, последното обвинение наведува дека Диди со децении „злоупотребувал, се заканувал и принудувал жените и другите околу него да ги исполнат неговите сексуални желби, да ја заштитат неговата репутација и да го прикријат своето однесување“.

Марк Агнифило, адвокатот на Диди, во изјавата рече дека раперот не е совршен, но дека не направил ништо против законот.

„Ве молам, воздржете се од вашите пресуди додека не ги имате сите факти. Тој е невин човек кој нема што да крие и едвај чека да го расчисти своето име на суд“, рече Агнифило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот