ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Мартинез

Фото: EPA-EFE/PETER SCHNEIDER

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Мартинез на два натпревари и тој нема да биде дел од националниот тим во октомврските квалификации за Светското првенство.

ФИФА не потенцираше зошто е суспендиран Мартинез бидејќи не доби црвен картон, меѓутоа се претпоставува дека се неговите недолични потези кои ги има често пати на терените.

Во фудбалската јавност се уште се свежи сеќавањата од неговите испади на Мундијалот во Катар, а не мируваше ниту по освоениот трофеј во Копа Америка. Исто така во бес по поразот од Колумбија удри и една од камерите.

Аргентинез без Мартинез на голот ќе биде во натпреварите против Болиција и Венецуела на 10 и 15 октомври. Сепак, Аргентинците се убедливо први во својата група, па така суспензијата на Мартинез нема да има големо влијание врз конечниот исход и пласманот на Светското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот