ФФМ потврди: Теренот во Кавадарци суспендиран, натпреварот регистриран со службена победа на Вардар

Фото: ГФК Тиквеш

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја потврди службената победа за Вардар против Тиквеш поради инцидентот во Кавадарци, но исто така Тиквеш во наредниот период ќе мора да побара стадион каде што ќе ги игра домашните натпревари.

Теренот во Кавадарци ќе биде суспендиран до новата одлука на Дисциплинската комисија.

„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот ( Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ  поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат.  Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ  и е  во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .

Комисијата за натпревари на ФФМ  според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат  ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар  0:3 го регистрираше овој натпревар“, соопшти ФФМ.

ФК Вардар: Скандалозни услови во Кавадарци, бевме нападнати, многу нешта не функционираа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот