ФФМ остана без спонзор откако Владата ги поништи лиценците за онлајн коцкање

Државната видеолотарија испратила известување до Фудбалската федерација на Македонија дека го раскинува договорот за спонзорство, објави „ТВ21“.

„Ве известуваме дека во насока на член 9 став 2 и 3 еднострано го раскинуваме горецитираниот договор со отказен рок од 3 (три) дена од приемот на ова на ова писмено известување“, пишува во известувањето испратено од Државна видеолотарија до Фудбалската федерација на Македонија.

Ова се случува откако Владата донесе одлука за одземање на лиценците доделени за организирање игри на среќа преку интернет, меѓу кои и лиценцата на 2WIN.mk

„Поради настапување на непредвидени услови кои давателот не можел да ги очекува ги очекува и предвиди пред неговото склучување, а кои произлегуваат од Автентичното толкување на членот 7 од Законот за игри на среќа и за забавните игри од страна на Собраниетона Република Северна Македонија, Службен весник на РСМ бр.168 од 14.08.2024 година, поради што настпуваат промени и во финансискиот план на Друштвото“, се додава во известувањето во кое увид имала ТВ21.

Таму уште се додава дека нема да бидат доисплатени средствата согласно утврдената динамика, а обврската на примателот останува да продолжи со промоција на име фирма и заштитен знак на Државна видеолотарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот