ФФМ: Кукавички и срамен напад кон нашиот претседател!

Фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија денеска објави соопштение во кое го осуди и го нарече срамен вчерашниот инцидент во кој беше нападнат првиот човек на фудбалот во Македонија, Муамед Сједини.

Според ФФМ нападот кон Сејдини е обид да се изврши притисок.

„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува кукавичкиот и срамен напад врз нашиот претседател Муамед Сејдини, кој синоќа физички беше нападнат на паркингот од скопски ресторан.

Овој чин на насилство е неприфатлив и претставува директен удар врз вредностите на фудбалот, спортот и демократијата, воопшто.

Јасно и недвосмислено истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи насилството да стане средство за влијание или решавање на кој било предизвик. Изборот на раководни лица во ФФМ се одвива исклучиво преку легални и демократски процедури, со гласови на делегатите, а не со закани и насилство. Оние што се обидуваат да го нарушат овој процес преку сила треба да бидат свесни дека нивните постапки се веќе идентификувани и дека соработуваме со институциите на правдата за целосно расветлување на овој инцидент.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и сите надлежни органи, да преземат итни мерки и да го истражат случајот до крај, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

За овој инцидент го информиравме и раководството на УЕФА и ФИФА.

Претседателот на ФФМ останува непоколеблив пред ваквите закани и притисоци. Тие не ја ослабнуваат неговата решителност, туку напротив ја зајакнуваат неговата посветеност кон интегритетот и транспарентноста во спортот.

Муамед Сејдини на оваа позиција е избран на легален начин, преку гласовите на делегатите и само на ист начин ќе го заврши или продолжи својот мандат. Насилството никогаш нема да биде средство кое ќе го одреди неговото присуство или заминување.

Фудбалската федерација на Македонија останува цврсто посветена на промовирање на спортските вредности, фер игра и почитување на институциите.

Со почит,

Фудбалска федерација на Македонија“, објави ФФМ

Сејдини: Ме нападнаа тројца, се надевам дека полицијата што побрзо ќе го расветли инцидентот

Сејдини: Ме нападнаа тројца, се надевам дека полицијата што побрзо ќе го расветли инцидентот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот