ФФМ го суспендираше и теренот во Неготино

Фото: Screenshot

По инцидентот во натпреварот помеѓу Вардар Неготино и Охрид кој беше нападнат голманот на гостите (ТУКА) Фудбалската федерација на Македонија го суспендираше и теренот во Неготино каде што се играше натпреварот.

Претходно ФФМ донесе одлука за суспензија за теренот на Тиквеш, а сега истата одлука е примената и за второлигашот Вардар Неготино.

„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари на вонредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино помеѓу екипите на ГФК Вардар Неготино- ГФК Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на ГФК Охрид Лихнидос, комисијата  донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино. Суспензијата стапува на сила веднаш“, стои во соопштението од ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот