Фестивалот „Егзит“ досега донел над 270 милиони евра во српската економија

Фото: ЕГЗИТ Фото Тим

Фестивалот „Егзит“ и донел повеќе од 270 милиони евра на економијата на Србија, според истражување кое го прави компанија од Нови Сад по секое издание на музичкиот хепенинг. Годинешното донело значаен придонес во економијата на Нови Сад и Србија во износ од 23,7 милиони евра, со што вкупниот економски ефект на фестивалот од неговото формирање достигна повеќе од 270 милиони евра, се вели во извештајот од истражувањето.

Во јули, „Егзит“ собра повеќе од 210.000 посетители од 120 земји во светот, а посетителите од странство сочинуваат 67 отсто од вкупната публика.

Истражувањето на „ТИМ Центар“ од Нови Сад покажа дека 83,3 отсто од испитаниците изјавиле дека дошле во Нови Сад исклучиво за фестивалот, што, како што се наведува, потврдува дека „Егзит“ игра клучна улога во позиционирањето на Нови Сад и Србија на глобалната туристичка сцена.

Најмногу странски гости биле од Унгарија, Германија, Турција, Русија, Австрија, Холандија, Англија, Романија, Франција, Италија, Грција, Бугарија, Чешка, Словачка, но и од Мексико, Австралија, Аргентина, Индија и Сенегал, пренесува Бета.

Од регионот, доминирале посетителите од Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Речиси половина од годинешните посетители на Петроварадинската тврдина првпат биле на фестивалот. Тие во просек потрошиле по 592 евра, што е за 25 евра повеќе од претходната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот