Ферстапен најбрз на спринт трката во Австрија

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Шампионот во Формула 1, Макс Ферстапен дојде до десеттата победа во спринт трките откако денес славеше на патеката во Австрија.

Холанѓанецот ја победи конкуренцијата на патеката „Шпилберг“ во рамките на викендот од Големата Награда на Австрија.

Имаше пол-позиција Ферстапен која на крајот и ја искористи, иако во еден момент беше поминат од Ландо Норис. Возачот на Мекларен не успеа долго да се заврши на лидерската позиција, Ферстапен се врати и славеше победа.

На крајот Норис заврши и како трет, додека второто место му припадна на неговиот тимски колега Оскар Пјастри. Зад нив следуваа Џорџ Расел, Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Серхио Перез, Кевин Магусен и Ленс Строл.

Главната трка е закажана за утре во терминот од 15:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот