Феникс Кик освои 12 медали на меѓународниот таеквондо натпревар во Охрид

фото: Taekwondo Klub Feniks-Kik

Изминатиот викенд таеквондо клубот Феникс Кик учествуваше на меѓународниот натпревар „Охрид опен“ на кој имаше повеќе од 200 натпреварувачи.

Македонскиот таеквондо клуб настапи со 12 натпреварувач и успеа да освоив исто толку медали.

Клубот на овој натпревар во Охрид се закити со осум златни, три сребрени и еден бронзен медал. За најдобар јуниор беше прогласен Лула Ангелов – 68 кг од ТК Феникс Кик.

Организатор на турнирот беше ТК Хваранг Фист од Охрид предводен од тренерот Ацо Јосифовски.

Овој турнир е дел од системот на натпревари поставен од страна на МТФ, турнирот е дел од вкупното бодување за конечната клупска ранг листа.

Севкупен клупски пласман:
1. ТК Хбаранг Фист
2. ТК Корио
3. ТК Младост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот