Фараж ќе го бојкотира Би-Би-Си

Најџел Фараж / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Најџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија Реформа ОК, најави дека ќе го бојкотира Би-Би-Си, обвинувајќи го јавниот сервис за пристрасност поради специјалната емисија „Време за прашања”, во која беше засипан со прашања за имиграцијата, здравствената заштита и расистичките и хомофобичните забелешки на активистите.

Фараж беше прашан зошто неговата партија привлекува „расисти и екстремисти” и го критикуваа за неговиот став за имиграцијата, пренесе порталот „Политико“.

Потоа на платформата Икс напиша дека публиката била „местена” и наведе дека одбива да се појави во емисијата „Недела со Лора Кунсберг” освен ако Би-Би-Си не се извини.

Фараж исто така рече дека Би-Би-Си “се однесувал како политички актер за време на сите избори“.

– Реформа (ОК) ќе води енергична кампања за укинување на таксата за лиценца, додаде тој.

Водителката на Би-Би-Си Фиона Брус рече дека публиката претставува “мешавина на сите политички чувства”.

Подемот на Најџел Фараж: Отпишаниот политичар кој ги „нокаутираше“ конзервативците и им пркоси на лабуристите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот