Евростат: Србија лидер, Албанија е втора земја според апликанти за азил во ЕУ

Албанија е на второ место по баратели на азил според бројот на жители, веднаш зад Србија, објавија албанските медуми, повикувајќи се на Европската канцеларија за азиланти. Според податоците на канцеларјата, Албанија има 18 апликанти на 100.000 жители.

– Во април и во мај има пад на барањата за азил, но затоа пак нивниот број се зголемува од јуни. Во извештајот се наведува дека во јули имало 505 апликации од кои 366 биле првпат. Во споредба со јуни, има 171 апликација повеќе, додека споредено со истиот период лани бројот е трипати помал, јави телевизија „Ора њуз“.

Додека споредено со истиот период минатата година има намалување за 72 отсто, што е последица на ограничувањето на движењата поради новиот коронавирус и затворање на границите. Според податоците на Евростат, околу 75 проценти од Албанците кои бараат азил во земјите на Европската Унија се на возраст под 34 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот