Евростат: Најголема просечна годишна плата од 72.200 евра има во Луксембург, а најмала во Бугарија од 10 300 евра

Просечната годишна плата за полно работно време за вработените во ЕУ во 2021 година изнесувала 33.500 евра, објави Евростат.
Меѓу земјите-членки на ЕУ, највисока просечна годишна плата во 2021 година е регистрирана во Луксембург од 72.200 евра, по што следат Данска со 63.300 евра и Ирска со 50.300 евра. Најниски просечни плати имаат Бугарите 10.300 евра, во Унгарија 12.600 евра и во Романија 13.000 евра.

Како што пренесува „Фактор“, оваа информација е задолжителна поради Директивата за сина карта, која е е ден вид дозвола за престој и која ја пропишува употребата токму на овој индикатор за одредување на просечната бруто годишна плата за секоја земја-членка на ЕУ, а нејзината цел е да привлече висококвалификувани работници во ЕУ под пофлексибилни услови.

Според податоците на Евростат, најголем дел од земјите се под просекот на ЕУ, меѓу земјите од регионот највисока просечна годишна плата има Словенија од 28.760 евра, додека во Хрватска таа е 16.170 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот