Евростат: Хрватска со најмногу привремено вработени во ЕУ

Загреб / Фото Архива

Од сто вработени родени во Хрватска, 18 од нив работат на привремени работни места.

Хрватска е на врвот на европските земји во однос на бројот на привремено вработени работници, покажа ново истражување на Евростат за 2019 година.

Дури 18 проценти од Хрватите во вкупниот број на вработени работат „на определен рок”, односно работат со договор за привремен работен однос, сезонски или преку агенција за вработување.

Уделот на привремените работници е поголем само во Шпанија (24 проценти), Полска (21 процент) и Португалија (19 отсто).

Хрватска е единствената земја во ЕУ каде значително повеќе Хрвати се вработени на привремени работни места во споредба со странските државјани кои работат во Хрватска.

Така, од сто вработени родени во Хрватска, 18 од нив работат на привремени работни места, додека во ист број вработени странци (родени надвор од Хрватска и ЕУ) – 14 од нив работат привремено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот