Евростат: Цените на житарките во ЕУ паднаа за 14 отсто во вториот квартал

unsplash
Жито/ Фото: МИА

Просечните цени во областа на земјоделството во Европската Унија паднаа во вториот квартал од 2024 година, како за производите, така и за инпутите, па така, на пример, житарките поевтинуваат за 14 отсто, објави Евростат. Од канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведуваат дека голем пад е забележан и кај јајцата (15 отсто) и кај сточната храна (13 отсто).

Спротивно на тоа, недостигот на маслиново масло доведе до континуиран пораст на цените на тој производ (за 41 отсто во вториот квартал), додека компирот поскапе за 10 отсто, пренесува Политика. Просечната цена на трошоците за земјоделско производство падна за три отсто во вториот квартал од 2024 година во однос на истиот квартал од 2023 година. Во овој период, просечната цена на стоките и услугите што моментално се користат во земјоделството (инпути кои не се поврзани со инвестиции, како што се енергија, ѓубрива или добиточна храна) е пониска за седум отсто, што е нешто помалку остро во однос на претходните два квартали. Овошјето поскапе за три отсто, а зеленчукот за еден отсто. Кога станува збор за овошјето, најголем пад во однос на истиот период во 2023 година имало кај лимоните и лиметите (48 отсто), а најголем пад имало овошјето од суптропска и тропска клима (51 отсто). На планот на зеленчукот, цените на кромидот (за 46 отсто) и доматите (за 27 отсто) нагло паднаа, спротивно на големиот пораст на свежите мешунки (за 39 отсто) и на карфиолот (за 35 отсто).

Кај инпутите, кои не се поврзани со инвестиции, најголем пад на цената е забележан кај вештачките ѓубрива и подобрувачи на почвата (19 проценти) и добиточната храна (13 проценти). На национално ниво, поголемиот дел од земјите на Европската Унија (17 од 25 со достапни податоци) забележаа пад на земјоделските цени во вториот квартал од 2024 година во споредба со истиот квартал од 2023 година. Најголем пад на цените има во Унгарија (13 отсто), Полска (12) и Чешка (10). За разлика од нив, најголем пораст е забележан во Грција (осум проценти), Летонија (четири проценти), Кипар и Ирска (три проценти), пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот