„Евростат“: Албанија е трета по убиства во однос на бројот на жители, Летонија лидер

Фото: novinite.com

Албанија е на трето место во Европа според бројот на убиства по глава на жител, покажуваат податоците на Евростат и албанскиот Институт за статистика ИНСТАТ што се однесуваат на 2017 година.

Во 2017 година, според ИНСТАТ, имало вкупно 68 убиства во земјата од кои 56 жртви биле мажи и 12 жени. Во однос на населението од таа година, објавено од ИНСТАТ, произлегува дека имало 2,36 убиства на 100.000 жители.

– Евростат наведува дека во 2017 година, меѓу земјите-членки на ЕУ, Летонија забележала највисока стапка на убиства или 3,75 на 100.000 жители. Втора е Литванија со 2,82, трета е Албанија, а по неа се Малта и Романија со 1,6 односно 1,5 убиства на 100.000 жители. Од земјите во регионот, во Србија има 1,3 а во Турција 1,7. Просекот на Европската унија е 0,7 убиства на 100.000 жители, стои во анализата направена од списанието „Монитор”.

Се додава дека во Албанија, најголем број убиства во последните пет години е забележан во 2016 година (99) по што следните две години се регистрани по 68 убиства.

Во 2019 година имало вкупно 75 убиства од кои 13 жртви (17 отсто) биле жени. Во однос на населението, жртвите на убиства на 100.000 жители се зголемиле на 2,62, од 2,36 во 2017 година.

Во 2019 година, регистрани се и 93 обиди за убиство, наспроти 150 колку што имало во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот