Европските претставници го отфрлија тврдењето на Харис: Не се потсмеваме со Трамп, ќе соработуваме ако победи

Доналд Трамп / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ блиски до Соединетите Американски Држави изјавија дека не се согласуваат со изјавата на американската потпретседателка и демократска кандидатка Камала Харис дека светските лидери му се смеат на поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп.

Шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ кои учествуваа на 79. заседание на Генералното собрание на ОН изјавија, коментирајќи ја оценката на Камала Харис што ја даде за време на претседателската дебата во септември, дека ќе соработуваат со кој и да победи на претседателските избори во САД, пренесува Фокс Њуз.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека доколку Трамп биде нов претседател, Италија ќе соработува со него како и досега кога тој беше на чело на САД, додавајќи дека Италија е пријател на Америка.

„За нас трансатлантските односи се клучна стратегија на нашата надворешна политика“, посочи Тајани.

Шефовите на дипломатиите на Литванија и Чешка, Габриелиус Ландсбергис и Јан Липевски истакнаа дека изборот ќе го препуштат на американските гласачи.

„Мојата улога не е да коментирам такви политички изјави“, рече Липавски, но ја пофали „силната“ порака на Трамп за трошоците за одбраната, за која се надева дека Европа ќе продолжи да ја поддржува по руската агресија врз Украина.

Ландсбергис изјави дека односот меѓу Литванија и САД е „повеќе од политика“ и повтори дека кој и да победи на изборите во САД ќе мора да се фокусира на пораката за трошоците за одбраната што Трамп ја застапуваше за време на неговиот прв претседателски мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот