Европските компании потпишаа договори во вредност од 40 милијарди долари со компании од Египет

Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕП/Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во саботата изјави дека европските компании потпишуваат договори во вредност од повеќе од 40 милијарди евра со египетски компании, кои опфаќаат широк опсег на индустрии. Фон дер Лејен зборуваше на инвестициската конференција ЕУ-Египет во Каиро, каде што разговараше и со египетскиот претседател Абдел-Фатах ел-Сиси, пренесува Кликс.ба.

„На оваа конференција европските компании потпишуваат повеќе од 20 нови договори или меморандуми за разбирање со египетските партнери, кои се во вредност од над 40 милијарди евра. Имаме компании во секторите од водород до управување со водите, од градежништво до хемикалии, од превоз до авијација и кон автомобилската индустрија“, рече таа. Фон дер Лајен, исто така, ги пофали инвестициите во зелената енергија и дигиталната обука, истакнувајќи ја „амбициозната цел на Египет да стане центар за чиста енергија“.

Дводневната конференција е дел од стратешкото и сеопфатно партнерство Египет-ЕУ договорено од Фон дер Лајен и Eл-Сиси во март. Договорот ги опфаќа политичките односи, економската стабилност, инвестициите и трговијата, како и прашањата за миграцијата и безбедноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот