Еве зошто треба да јадеме кора од лубеница

Фото: pexels-karolina-grabowska

Со околу 92 отсто вода, лубеницата е без сомнение едно од најосвежителните и најхидратантните летни задоволства и вистински деликатес. Многу луѓе не ја јадат, а еве зошто треба да се јаде белиот дел од кората, пишува „Мајндбодигрин“.

Повеќето луѓе го јадат сочниот средишен дел и ја фрлаат кората од лубеницата, претпоставувајќи дека тврдиот надворешен дел не може да се јаде. Сепак, излегува дека кората од лубеницата всушност има голем број здравствени придобивки и е многу вкусна.

– Верувале или не, всушност можете и треба да јадете кора од лубеница – вели американската нутриционистка Брена Валас.

Кората од лубеница се користи уште од древниот Египет, вели американската нутриционистка Ела Давар. Дополнително, со зголемувањето на свеста за еколошката одржливост и новите напори за нула отпад, таа вели дека потрошувачката на кора станува се пораспространета.

– Во готвењето има сѐ повеќе идеи како да искористите сѐ од зеленчукот, да не фрлате ништо или што е можно помалку, како што се врвовите од морков, листовите цвекло, семките од папаја и кората од лубеница – вели Давар.

Една работа на која треба да се внимава пред да се консумира е квалитетот на производот. Давар препорачува органски одгледано овошје и зеленчук, кои не се третирани со хербициди или пестициди.

Фото: pexels-any-lane

Придобивките од кората на лубеницата

Ако овошјето ги исполнува стандардите за квалитет, Валас вели дека белите и зелените делови на лубеницата се всушност богати со хранливи материи како магнезиум и калиум и имаат бројни придобивки.

Тие се добар извор на влакна

Белиот дел од кората е добар извор на влакна, вели Давар, кој помага при варењето. Исхраната богата со растителни влакна може да го подобри здравјето на цревата и да помогне во регулирањето на нивото на холестерол и шеќер во крвта.

Бидејќи кората содржи помалку шеќер и повеќе влакна од самата лубеница, кога се јадат заедно, помагаат да се забави апсорпцијата на шеќерот во цревата, објаснува Давар. Ова помага да се спречат ненадејни скокови на шеќерот во крвта.

Тие содржат корисни амино киселини

– Кората е богата и со природна аминокиселина наречена Л-цитрулин. Се покажа дека цитрулинот помага за намалување на крвниот притисок кај возрасните со хипертензија, како и за подобрување на спортските перформанси – вели Валас.

Бубрезите ја претвораат оваа несуштинска аминокиселина во друга аминокиселина, наречена Л-аргинин, како и хемикалија наречена азотен оксид, објаснува Давар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот