Eурофарм Пелистер убедливо поразен и од Динамо Букурешт

Фото: Eurofarm Pelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа и трет пораз во низа во Лигата на шампионите. Подобар од македонскиот шампион беше Динамо Букурешт кој славеше со 34:25.

Македонскиот парираше само во првите 20 минути од натпреварот, а потоа средбата помина во знакот на романскиот тим.

На паузата Динамо водеше со 19:13 и тука веќе стануваше јасно дека битолскиот состав тешко ќе го избегне поразот. Во второто полувреме констатно Динамо имаше сигурна предност, па набрзо предноста изнесуваше и десет разлика (26:16).

До крајот беше само прашање со колкава разлика ќе слават домаќините. Ако се сметаат натпреварите и од минатата сезона за Еурофарм Пелистер ова е 17. пораз во низа во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот