ЕУ не е подготвена за гасна криза

Складиште за гас фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Европската Унија не е доволно подготвена да се соочи со претстојната гасна криза и покрај тоа што беа воведени низа мерки за ставање крај на зависноста од руските енергетски извори, соопшти Европскиот суд на ревизори (ЕЦА).

„Во извештајот се наведува дека Европа успеала да избегне голем недостиг на гас за време на кризата, но не е јасно колку од тоа може да се припише на одлуките на Европската Унија во споредба со други фактори, како што се благата зима и високите цени што ја предизвикаа индустријата да користи помалку гас. Снабдувањето со енергија на Европа стана проблематично во 2022 година, кога започна војната во Украина и Русија ги намали испораките на гориво, што ја натера Европската Унија итно да воведе заедничка политика за пополнување на складиштето на гас, како и за намалување на употребата и купување на истиот извор на енергија. Координацијата меѓу Брисел и членките на ЕУ помогна да се создадат нови рути за снабдување со гас за да се избегне недостигот, а обврската на земјите од блокот да наполнат 90 отсто од складиштето на гас пред зимата создаде стабилност на пазарот“, се вели во извештајот на ревизорите, пренесува Танјуг.

Сепак, според ревизорите, овие активности не го решаваат доволно прашањето за достапноста на гасот, чија цена се зголеми на повеќе од 300 евра за мегават час во август 2022 година, од околу 50 евра за мегават час една година порано. Ревизорите наведоа други недостатоци во подготовките на Европа за криза со снабдување, истакнувајќи дека шест земји од ЕУ ја задржаа опцијата да го намалат снабдувањето со гас за нивните соседи во итен случај. Ревизорите рекоа дека Европската Унија е далеку зад плановите за изградба на инфраструктура за намалување на штетните емисии кои произлегуваат од континуираното согорување на гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот