ЕУ и Кина ќе склучат сеопфатен договор за инвестиции во 2020 година

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската Унија и Кина ќе склучат сеопфатен инвестициски договор во 2020 година, се вели во завршната декларација, објавена по средбата на претставниците на ЕУ и Кина во Брисел, цитирана од агенциите.

„Двете страни се обврзуваат да го достигнат во 2019 година потребниот одлучувачки напредок, особено во однос на либерализацијата, со цел склучување на амбициозниот сеопфатен инвестициски договор до 2020 година“, е наведено во документот.

ЕУ и Кина ќе продолжат со соработката во развој на 5G системите и заедничките напори во областа на сајбер безбедноста, се вели во декларацијата.

„Двете страни ќе водат поинтензивни дискусии за зајакнување на меѓународните правила за индустриските субвенции“, гласи документот, цитиран од агенциите.

Кинескиот премиер Ли Кецијанг им ветил на домаќините од ЕУ дека Пекинг веќе нема да ги принудува странските компании да ги споделуваат чувствителните технологии при развивањето на активноста во Кина и дека е подготвен да се приспособат на индустриските субвенции.

На самитот со Европската Унија, Кина се согласи да обезбеди балансирање на државните субвенции за индустријата и поддржите предлозите за реформа на Светската трговска организација (СТО) за сузбивање на трговските војни. Ова го изјави претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

Туск истакна дека исто така се разговарало и за човековите права.

Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер истакна дека Пекинг и Брисел ја потврдиле приврзаноста кон зачувувањето на светскиот поредок заснован на правилата. Јункер додаде дека ЕУ изрази интерес за проширување на своите инвестиции во кинеската економија.

Пред новинарите по разговорите кинескиот премиер Ли Кецијанг посочи дека ЕУ и Кина треба да ја унапредуваат соработката во сите сфери.

Кина ќе ја продолжи политиката на отвореност кон надворешниот свет за развој на економијата и ќе го активира овој курс, истакна Ли.

Јункер од своја страна истакна дека новите европски норми за контрола на странските инвестиции во чувствителните индустрии, кои не се насочени против Кина.

Владата на Кина никогаш не е услов од вработените во странски кинески компании да се занимаваат со активност која може да се толкува како прекршување на правото на интелектуалната сопственост или економска шпионажа, посочи Ли Кецијанг пред новинарите во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот