Ешерихија коли и други бактерии во гостиварскиот водовод, надлежните повикаа водата да не се пие

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар преку градскиот водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата, која била потврдена со последните микробиолошки анализи.

– Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, велат од гостиварското комунално претпријатие.

Корисниците на водата од градскиот водовод се повикани да ја избегнуваат употребата на водата од јавната водоводна мрежа и да корисат пакувана вода за пиење и готвење.

Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.

– Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот