Ердоган ја предупреди Грција: Нашите ракети можат да ја погодат Атина

ердоган нато турција
Ердоган / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Турција ја предупреди Грција дека нејзиниот проектил може да го погоди грчкиот главен град, доколку тие „не останат смирени“, дополнително ескалирајќи ја нејзината реторика против Грција, пишува Политико.

„Сега почнавме да правиме свои проектили“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на говорот во Самсун, северна Турција. „Се разбира, оваа продукција ги плаши Грците. Кога ќе кажете „Тајфун“, Гркот се плаши и вели: „Тоа може да ја погоди Атина“, изјави турскиот претседател.

Тајфун е балистичка ракета со краток дострел развиена од Турција. Ракетата, која беше пробно истрелана во октомври над Црното Море и погоди цел на оддалеченост од околу 560 километри, со дострел повеќе од двојно поголем од сегашните ракети во арсеналот на Турција.

„Ако не останете смирени, ако се обидете да купите нешто [за да се вооружите] од овде и таму, од Америка до островите, земја како Турција нема да биде случаен минувач. Мора да направи нешто“, додаде Ердоган.

Турција ја засили својата реторика против Грција во последниве месеци, поради она што Анкара го гледа како растечко воено засилување на грчките острови во Егејското Море, блиску до крајбрежјето на Турција. Во повторената, тенко прикриена закана, Ердоган рече: „Можеме ненадејно да слеземе една ноќ кога ќе дојде време“.

Минатата недела турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја предупреди Грција да престане да ги милитаризира островите во Егејското Море, во спротивно Анкара „ќе ги преземе неопходните чекори на теренот“.

И покрај тоа што се сојузници на НАТО, соседните земји со децении се во несогласувања околу голем број билатерални спорови, вклучително и поморските граници, преклопувачките барања за нивните континентални полици и долготрајниот спор за Кипар.

Претходно оваа година, Грција ги повика своите западни сојузници да стават крај на турската запалива реторика или да ризикуваат нова ситуација во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот