ЕПИ: Намалена транспарентност на Владата, реформите во јавната администрација немаат напредок

Фото: илустрација / Влада на РСМ

Нема разлика во реформите на јавната администрација, состојбата е слична со претходниот мониторинг за 2019/2020 година. Во Извештајот што го изработи Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) за 2021/2022 година се забележува дека има застој, особено во однос на носење закони што се однесуваат на администрацијата и законот за висока раководна служба. Некаков напредок е забележан во областа на отечтност.

Во дел од институциите, каде претходно бил забележан напредок, сега се бележи застој. Од Институтот препорачаа донесување на законите за висока раководна служба, за организација на органите на управата, за административни службеници и за вработени во јавен сектор и на тој начин, како што велат, ќе се забележи некаков напредок, а особено со законот за висока раководна служба чие носење го очекува и Европската комисија.

Кај некои од институциите кои ги истражувавме забележавме напредок во областа отчетност. Тие ги објавуваат своите ажурирани податоци на веб-локациите, а најдобар напредок има во работењето на Државниот завод за ревизија каде има многу добра соработка и комуникација со јавноста во однос на нивната работа, изјави Јулијана Караи, истражувачка во ЕПИ пред почетокот на презентацијата на третиот мониторинг.

Во споредба со 2017 и 2018 година, Владата сега објавува помалку информации

Ако во првиот мониторниг направен за 2017/2018 година бил забележан скок во однос на објавувањето на информации за работат на Владата, Караи потенцира дека сега има назадување.

Владата ги нема објавено своите извештаи за работа за 2020/21 година, а исто така има и дел од националните стратегии за кои не успеавме да најдеме каков е степенот на нивна реализација. Во однос на седниците на Владата освен објавувањето на дневниот ред не може да се најдат податоци за документите кои Владата ги донела во рамки на одржаните седници, појасни таа.

Стратешката рамка за реформа иста како во претходниот мониторинг

Ситуацијата со Стратешката рамка за реформа е иста како во претходниот мониторинг, во областа Развој на политики и координација има значително назадување, во областа Јавна служба и управување со човечки ресурси ситуацијата е иста како и во минатиот мониторинг циклус, во областа Отчетност ситуацијата во голема мера останува иста како и изминатите години, во одредени области има извесни подобрувања, иста е и состојбата во областа Давање услуги, додека во областа Управување со јавни финансии најголем напредок има Државниот завод за ревизија.

Евидентно е назадувањето и во однос на достапноста на информации за спроведените јавни набавки и јавната достапност на информации за јавните внатрешни финансиски контроли и парламентарната контрола.

Според податоците на ЕПИ, годишните планови за јавни набавки се достапни на Националниот е-портал за јавни набавки за сите министерства и државни институции, а најголем дел од плановите за јавни набавки се објавени на веб-страниците на министерствата. Сепак, загрижувачки е што не беа пронајдени извештаи за спроведените јавни набавки за ниту еден од договорните органи на централно ниво што беа предмет на анализа, во последните две календарски години.

Од Институтот велат дека охрабрувачки е тоа што отворени и конкурентни постаки се главниот метод за јавни набавки, бидејќи само 2,45 отсто од договорите се склучени преку постапката со преговарање без објавување повик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот