Елена Петрова официјално седна на директорското место во УЈП

Фото: УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата директорка на УЈП, од заменик на директорот, Мевљудин Синани.

Петрова досега беше раководител на Секторот за наплата и управување со долгови.

Директорката Елена Петрова изјави дека нејзина долгорочна и стратешка агенда е трансформацијата на УЈП, создавање „нов лик“ на УЈП, „нов амбиент“ и за даночните обврзници, за даночните службеници и за соработниците на даночната администрација.

„Во УЈП ќе поттикнам динамичен курс на работа со цел за дигитализација и трансформација, за да обезбедиме плаќањето данок и услугите од УЈП да бидат најмало можно административно оптоварување, а што повеќе да бидат „природно“ вградени во деловните системи на компаниите и на „близок дофат“ на граѓаните“, изјави Петрова.

„Оданочувањето е како едно тркало кое постојано се врти, а лостот на кој се потпира има две страни – УЈП и даночните обврзници. Ќе негуваме кооперативност со даночните обврзници преку мрежи за директна соработка и отворена дебата за сите заеднички предизвици во плаќањето даноци и остварување на даночните права. Даночните обврзници спроти себе не треба да имаат бирократи кои настапуваат од позиција на моќ, туку администрација која обезбедува лесно достапни информации, едноставни алатки и директна помош кои ќе водат кон точно и навремено плаќање на даночните обврски и лесно и брзо оставрување на своите права.Ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, експертската јавност, медиумите и други засегнати страни. Со заеднички напори треба да оствариме позитивно влијание, зголемена даночна свест и даночен морал во општеството.

Петрова најави  бескомпромисна борба со неплаќачите и затајувачите на данок и криминалните даночни измами и ќе следува одговорност и казни за секој што ги оштетува народните пари заради противправно стекнување лична имотна корист.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот