Експозитурата „11 Октомври“ ќе се реновира, а нема да работи и банкоматот

Гужва пред комерцијална банка / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Комерцијална банка АД Скопје извести клиентите дека од 14 август 2023 година (понеделник) експозитурата „11 Октомври“ во Скопје нема да работи поради реновирање, а нема да биде во функција и банкоматот во рамките на експозитурата. На располагање на клиентите ќе им бидат експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина – „Чешма“ и „Расадник“.

Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и Ком Пеј, широката мрежа на банкомати и дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.

Клиентите ќе бидат навремено известени за отворањето на модернизираната експозитура „11 Октомври“, додаваат во соопштението од КБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот