Експлозија во погон за производство на гранати во САД

Експлозија се случи во фабриката на „General Dynamics“ во Арканзас, која произведува муниција и ракети „Javelin“.

За ова објави локалниот американски медиум Арканзас онлајн.

Несреќата се случила во средата, околу 08:15 часот по локално време, при што беа повредени две лица, а едно се води како исчезнато.

Портпаролот на погонот, Беркли Вејли, соопшти дека експлозијата била предизвикана од детонирање на експлозив.

Тој потврди и дека дел од производствените процеси кои се одвивале во објектот каде што се случила експлозијата биле прекинати.

Познато е дека компанијата е специјализирана за производство на воена и воздушна опрема.

Фабриката произведува артилериска муниција и минофрлачки гранати. Покрај тоа, нејзините капацитети се вклучени во производството на компоненти за ракетите „Хелфајр“ и „Џавелин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот