Експлозија кај Израелската амбасада во Стокхолм, полицијата е на нозе

Wikidata

Голема полициско присуство вечерва е забележано кај Амбасадата на Израел во Стокхолм, откако во близина се слушнала силна експлозија.

-Во реонот се слушна експлозија, а ние сме таму и проверуваме – изјавила портпаролката на полицијата во шведскиот главен град, Надја Нортон.

Според локалните медиуми, полицијата пронашла оружје и испукан куршум. Областа е опколена и кучињата ја пребаруваат .

-Постои квалификација за кривично дело, но во овој момент не сакаме да го откриеме – изјавила Нортон.

Засега не е пронајдено ниту едно повредено лице. Од полицијата за „ТВ4 Нихетерн“ соопштиле дека нема опасност за јавноста.

Засега нема информации за повредени луѓе.

„Разговараме со сведоци и ги прегледуваме камерите во областа. Доколку некој видел нешто и сака да сподели со полицијата, ве молиме контактирајте не“, порачала Нортон.

Во текот на годината, неколкупати беше зајакната безбедноста околу израелската амбасада. Вечерашниот инцидент доаѓа во време на засилени тензии и непријателства меѓу Израел, Либан и Иран на Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот