Експертите откриваат: Кои се придобивките на сексот додека се туширате?

Фото: Pexels/ cottonbro studio

За време на сексот под туш треба да ги искористите сите елементи на водата, вклучувајќи ги температурата, пареата, притисокот и влажноста, пишува „Мајнд боди грин“ (Mindbodygreen).

Во продолжение ви пренесуваме поради кои придобивки експерите советуваат да практикувате секс под туш:

Ја намалува напнатоста во телото

Топлата вода под туш е одлична за намалување на напнатоста во телото и целосно опуштање, а дополнително создава уште поголема возбуда кај партнерите.

Внесување новитети во сексуалниот живот

Сексот под туш ќе ви донесе разновидност во вашиот сексуален живот и ќе ве натера да бидете креативни со вашиот партнер.

Секогаш после сексот ќе бидете чисти

По сексуалниот однос можете веднаш да се истуширате и повторно да бидете чисти. Исто така, сексот под туш е попрактичен доколку жената има однос за време на менструација.

Вашите сетила се надразнети

Сексот под туш вклучува различни сензации и дава можност подобро да се доживеат звуците, мирисите, температурата и текстурата на вашите тела, нешта кои потешко може да ги почувствувате додека сте во спалната соба.

Мултитаскинг

Понекогаш може да биде тешко да најдете време за секс, особено кога сте во брак и со деца. Па, ако имате секс под туш тогаш можете да го комбинирате утринското или вечерното капење со задоволување на вашите сексуални потреби.

Но, експертите советуваат дека мора да внимавате на неколку работи, доколку решите да практикувате секс под туш. Бидете претпазливи, бидејќи лесно може да се повредите. Секогаш користете лубрикант, доколку не сакате сексот да биде непријатен. Внимателно користете ги презервативите. Најдобро е да го поставите презервативот пред да влезете под туш. Исто така, погрижете се препаратите за хигиена да не влегуваат во вашите интимни делови од телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот