Експерт открива кои обувки може да им наштетат на вашите стапала

Фот: Pexels

Експертот Пол, кој објавува видеа на ТикТок, под корисничкото име @paulthepodiatris, ги предупреди луѓето да не носат три типа обувки, бидејќи тие очигледно можат да им наштетат на вашите стапала, пишува „Дејли стар“.

Инаку, Пол собра голем број следбеници, споделувајќи видеа од неговите совети како правилно да се грижите за вашите стапала.

Во едно од неговите неодамнешни видеа, тој советува дека никогаш не треба да носите апостолки, бидејќи додека се движите во нив постојано ќе ги напрегате мускулите и вените, па од напорот ќе имате големи болки во вашите стапала. Исто така, може да се соочите со мали фрактури на стапалата зошто апостолките немаат цврста потпора.

Пол посочил дека и високите потпетици, наречени „stiletto“, не се добар избор доколку сакате да имате здрави стапала. Според него, ако се движите во потпетици со висока и тенка основа, ризикот од повреда или скршеница е голем.

Но, како најголем „непријател“ на стапалата, Пол ги издвоил спортските обувки наречени „slip-on“. За нив вели дека се многу тесни и по долго движење може да ве притискаат кај прстите, што може да предизвика долготраен проблем. Вашите нозе ќе бидат изморени и под притисок, бидејќи се работи за обувки со многу мека основа.

Во продолжение погледнете го целото видео:

@paulthepodiatrist The 3rd shoe are my actual nemisis! These are some of the things I tell my patients every single day. #fypsg #shoes #footwear #fashion #podiatrist #heels #slippers #secrets ♬ The Champion – Lux-Inspira

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот