Експерт истакна знаци на стапалата кои може да предупредат на две сериозни болести

Фото: Pexels / Cats Coming

Стапалата можат да откријат многу за нашето здравје, а фармацевтот Ноел Викс наведува дека тие дури можат да предупредат на две сериозни болести – срцеви заболувања и дијабетес, пишува „Мирор“.

„Треба да се грижиме за здравјето на нашите стапала, вклучувајќи ги и ноктите на нозете, бидејќи тоа може да влијае на нашето целокупно здравје и да биде знак за сериозни здравствени проблеми“, рекол Викс.

Секое стапало се состои од 26 коски, 30 зглобови и над 100 мускули, заедно со бројни крвни садови. Крвните садови на прстите се мали, па лесно може да се затнат со маснотии, што е знак за срцеви заболувања. Фармацевтот посочува дека оваа состојба може да се манифестира со симптоми како студени, вкочанети, болни и отечени стапала.

„Задебелување и кршливост на ноктите на нозете исто така може да се појават при срцеви заболувања“, додал тој.

Викс предупреди дека знаците на дијабетес во стапалата може да бидат суптилни и лесно да се пропуштат. Тој советува да внимавате на симптоми како што се пецкање, печење или болка, губење на допир, испукана, сува кожа, плускавци и рани кои бавно (или воопшто не заздравуваат), габични инфекции (вклучувајќи жолти, задебелени нокти) и спортско стапало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот