Ексградоначалник на Богданци заработи кривична пријава бидејќи асфалтирал улица која не била во годишниот план на општината

Асфалтирање улица во Општина Кисела Вода / Илустративна фотографија

СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднел кривична пријава против Б.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување.

МВР  соопшти дека пријавениот, во својство на градоначалник на една општина, во периодот од 2 март 2021 година до 23 септември 2021 година, ги пречекорил границите на своето службено постапување на начин што постапил спротивно на член III од Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта во општината за 2021 година.

„Со средства од буџетот на општината пријавениот извршил изградба на крак од улица, која не била дел од годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта во општината. На тој начин пријавениот Б.Ш. нанел штета на буџетот на општината и ги сторил кривичните дела“, се појаснува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот