Економист: Украина се соочува со економска катастрофа

Украинскиот БДП е за една четвртина понизок отколку пред руската инвазија, пишува магазинот Економист, наведувајќи дека неодамнешните напади врз инфраструктурата ги намалиле прогнозите за раст, и дека Украина има еден месец да избегне неисполнување на обврските.

„Малку е веројатно дека ќе се постигне нов договор со доверителите за отплата на долгот пред 1 август, кога истекува актуелниот договор. Доколку Украина не ги исполни обврските, тоа би можело да претставува долгорочна катастрофа за обновата на земјата,“ се наведува во написот на Економист.

Киев во јуни побара од доверителите да ја намалат тековната вредност на украинските долгови за 60 проценти, додека доверителите понудија 22 проценти.

„Но дури и со тој предлог, Украина би успеала само да врзе крај со крај. До крајот на годината, односот на долгот кон БДП ќе се приближи до бројката од 94 проценти,“ пишува Економист.

Доколку не се постигне договор, Украина има две опции – повторно да преговара за продолжување на замрзнувањето на отплатата на долгот или да прогласи неисполнување на обврските, се истакнува во написот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот