ЕК најави инвестиции од 1,2 милијарди евра за Западен Балкан

Европската комисија објави нов инвестициски пакет за Западен Балкан, кој може да стимулира инвестиции во износ од 1,2 милијарди евра во водоснабдување, одводнување, железница и за зелена трансформација на малите и средни претпријатија.

Од 1,2 милијарди инвестиции, 300 милиони евра се грантови од постоечкиот инструмент за претпристапна помош, останатиот износ ќе се обезбеди од билатерални придонеси на земјите членки на ЕУ и Норвешка, заеми од финансиски институции и придонеси од земјите од Западот.

Планирани се инвестиции за изградба и реновирање на водоводната мрежа и третман на отпадни води во Босна и Херцеговина и Црна Гора, за брзата пруга Белград-Велика Плана и за поддршка на иновациите и зелената трансформација на компаниите во регионот.

„Овие инвестиции, заедно со неопходните реформи и пристап до нашиот единствен пазар, ќе ги подготват економиите на нашите партнери да се приклучат на нашата Унија“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, објави Индекс.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот