Едноставни трикови со кои ќе се ослободите од досадните муви

Фото: Ernie Janes / Alamy / Alamy / Profimedia

Мувите побрзо се размножуваат на влажно и топло време, предизвикувајќи главоболка во многу домови. Па, како да се ослободите од нив?

„Женката домашна мува може да произведе до 500 јајца во еден ден, кои се испилуваат истиот ден, а потоа се развиваат од јајце во возрасна мува за само пет до седум дена“, изјави експертот за инсекти Пол Блекхерст за „Мирор“ (Mirror). Според него, затоа е клучно да почнеме да се занимаваме со проблемот пред тој да излезе од контрола.

Редовно отстранувајте го отпадот од храна

За да се спречи мувите да се размножуваат во затворени простории, важно е брзо да се отстрани отпадот од храна, да се покријат кантите за отпадоци од храна и да се држат цврсто затворени вратите и прозорците во кујната.

Мрежи за инсекти

Поставувањето мрежи против комарци на вратите и прозорците исто така може да помогне да се спречат мувите со ограничување на нивниот пристап до внатрешните простори и намалување на нивниот контакт со местата за подготовка на храна.

Стапици за муви

Замките за муви може да помогнат да се намали бројот на муви низ вашиот дом пред да влезат во затворен простор.

Едноставна кујнска состојка може добро да делува како стапица: јаболков оцет. Меѓутоа, ако проблемите со мувите се поупорни, сепак се препорачува да побарате стручна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот