Едноставен и економичен рецепт: Антидепресивен колач

Фото: Инстаграм

Колач без јајца, путер и млеко тешко можеме да замислиме, но овој е особено вкусен. „Антидепресивниот колач“ е вистински хит на Интернет. Оваа едноставна чоколадна торта ќе ве орасположи.

Ако сте од оние кои испробуваат најразлични рецепти бидејќи ја имате оваа „гастрономска љубопитност“, тогаш, донесуваме нова инспирација за вас.

Имено, рецептот за т.н „антидепресивен колач“, не содржи никакви производи од животинско потекло, вегански е коректен, а сепак е многу вкусен. Зошто такво име?

За време на „криза“ луѓето бараат едноставни рецепти за колачи кои произлегуваат од малку состојки или се подготвуваат од намирници кои повеќето луѓе веќе ги имаат дома.

Состојки:

– 170 гр брашно

– 180 гр шеќер

– 30 гр какао во прав

– 1 лажица прашок за пециво

– 1 лажичка сол

– 1 лажичка бел или јаболков оцет

– 1 лажица екстракт од ванила

– 6 лажици растително масло

– 250 мл ладно кафе

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени и намачкајте кружен калап за колачи или обложете го со хартија за печење.

2. Во сад измешајте ги брашното, какаото во прав, прашокот за пециво, солта и шеќерот. Направете три вдлабнатини во тестото и во секое ставете екстракт од ванила, оцет и масло.

3. Сипете го кафето и сè заедно добро измешајте додека не се добие кремасто тесто.

4. Тестото сипете го во калап за колачи и печете околу 25 минути додека површината не стане малку крцкава, но сепак мека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот