Едно парче за сладок почеток на денот: Бел колач со кокос

Фото: Unsplash

Ако сте од оние луѓе кои сакаат да експериментираат и да подготвуваат брзи, а притоа лесни десерти тогаш овој рецепт е нешто кое мора да го пробате. Главната нутритивна одлика на кокосот е што дава многу енергија и поттикнува добро расположение.

Фото: Unsplash

Богати со здрави масни киселини, кокосовите снегулки го стимулираат метаболизмот, а со тоа индиректно влијаат врз намалување на телесната тежина. Ќе ви дадат инстант енергија, а се далеку поздрава алтернатива на чоколадните трошки во тортите и чоколадите

Состојки:

– 4 јајца
– 3/4 шолја шеќер
– 4 лажици омекнат путер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1/2 лажичка мелено морско оревче
– 1/2 чаша брашно
– 2 чаши млеко
– 1 шолја кокос

Подготовка:

Јајцата, шеќерот, путерот и ванилата се матат со миксер. Додадете ги мускатно оревче, брашното и млекото и убаво измешајте. Со лажица измешајте го кокосот. Ставете малку масло на садот за печење и истурете ја смесата. Питата се пече во загреана рерна на 180 степени околу 55 минути. Користете чепкалка за заби за да проверите дали е готова, па извадете ја да се излади. Декорирајте по желба и послужете дури откако добро ќе се олади. За полесно да се исече, можете да ја оставите во фрижидер да се стегне пред да ја послужите.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот