Едно евро – еден печен костен: Хрватите изненадени од високата цена кај уличните продавачи

На хрватските улици се појавиле продавачите на печени костени, но граѓаните се незадоволни од високите цени, за кои велат дека ги изненадиле. Тимот на „Вечерњи лист“ неодамна ја истражил состојбата на „пазарот“ во Загреб, а заклучокот е дека навистина е прескапо.

Тие купиле три различни пакувања: од пет, седум и осум евра, при што на крајот сфатиле дека за вкупно 20 евра добиле – 20 костени.

Продавачите, од своја страна, велат дека поскапувањето е предизвикано од набавната цена која лани била четири до пет евра за килограм, а годинава е девет евра.

Костените содржат голема доза на диетални влакна, минерали, добри масти, витамини, хранливи материи и антиоксиданси. Иако имаат сладок вкус, тие помагаат во спречување и лекување на дијабетес, го контролираат крвниот притисок, го зајакнуваат имунитетот, важни се за развојот на коските и често се на листата на омилени есенски деликатеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот