Еден од најдобрите стрелци во македонскиот фудбал ја заврши кариерата и продолжува да работи во Пелистер

Фото: ФК Пелистер

Ветеранот од македонскиот фудбал, Борче Маневски заминува во пензија и во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на битолски Пелистер.

Маневски крај на кариерата во која во Македонија играше за Пелистер, Победа, Работнички, Вардар и Милано става на 38 години.

Зад себе Маневски има и солидна интернационална кариера во која го носеше дресот на Балкани (Косово), Пемброк и Балзан (Малта), Чаинат и Трат (Тајланд), Банат Зрењанин (Србија) и Горник Лехна (Полска), а исто така забележа и четири настапи за сениорската репрезентација на Македонија.

Во новата сезона Маневски ќе биде помошник на тренерот Влатко Костов, а Пелистер најави дека ќе организира ревијален натпревар со кој во пензија ќе го испрати својот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот