ЕБОР ја поддржува пречистителната станица за отпадни води во Скопје

Најголемиот дел од 560.000 жители на градот Скопје ќе имаат бенефит од пречистителната станица за отпадни води, благодарение на новата пречистителна станица која за оваа намена ќе се изгради во главниот град на Северна Македонија.

ЕБОР обезбедува 58 милиони евра заем, надополнет со 68 милиони евра заем од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ) и 10 милиони евра инвестициски грант, обезбеден од Иницијативата за економско зајакнување на ЕИБ.

Пречистувањето на водата беше идентификувано како една од најитните приоритети од Акциониот план за „Зелени градови“, развиен од градските власти и ЕБОР.

Скопје е еден од неколкуте градови во Европа кој нема значаен капацитет за третман на пречистување на отпадна вода. Наместо тоа, непречистена отпадна вода се влева директно во реката Вардар, загадувајќи ја човековата околина и влијаејќи врз живеалиштата на луѓето кои живеат по течението на реката, на територијата на Северна Македонија и Грција.

На годишно ниво, новата пречистителна станица ќе третира 51.3 милиони м3 непреработена отпадна вода. Прочистената отпадна вода, ќе се врати на безбеден начин во животната средина, со што значително ќе се намали нивото на загадување на реката Вардар и ќе се подобрат екосистемите и средината на живеење. Пречистителната станица ќе покрие девет од 10-те скопски општини и ќе биде со капацитет до 650.000 лица, со оглед на тоа дека се очекува зголемување на популацијата во градот.

Проектот ќе има бенефит и од техничката поддршка обезбедена од ЕБОР за ЈП Водовод и Канализација Скопје, јавното претпријатие за управување со води. Средствата од техничката помош ќе бидат искористени за воведување на програма за подобрување на перформансите за финансиското и оперативното работење и воведување на договор за јавен сервис, кои ќе бидат финансирани од Шведската меѓународна развојна кооперативна агенција. Во оваа техничка помош вклучена е и студијата за идентификување на приоритетни инвестиции во мрежата.

Акциониот план за зелени градови е дел од брзорастечката програма ЕБОР Зелени градови , со вредноста од 1 милијарда евра, и истата им помага на повеќе од 30 градови во земји каде Банката има инвестици, сé со цел да ја направи животната средина еколошки почиста. Програмата наоѓа начини за инвестирање во зелен транспорт, управување со вода и со отпад, или општо речено, се стреми да ги направи градовите подобри места за живеење. Таа нуди сеопфатен бизнис модел за зелен урбан развој, комбинирајќи стратешко планирање со инвестиции и релевантна техничка помош.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 1.9 милијарди евра во 124 проекти во земјата. Поддршката на инвестиции поврзани со  животната средина е приоритет на Банката, бидејќи е еден од најактуелните предизвици со кои се соочува земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот