ФОТО | Ѕвездата на серијата „Инспектор Рекс“ полни 55 години, во среќна врска е со две жени

Фото: Action Press / Shutterstock Editorial / Profimedia / kpa / United Archives / Profimedia

Германскиот актер Гедеон Буркхард, познат на нашата публика по улогите во сериите „Инспектор Рекс“ (Iinspector Rex) и „Кобра 11 – Специјални за автопат“ (Alarm for Cobra 11 – The Motorway Police), утре го слави 55-тиот роденден.

Во последните неколку години тој го привлекува вниманието со својот необичен стил на живот. Имено, тој е во среќна врска со две девојки.

– Не само сексуално, туку имаме балансирана и длабока врска во сите аспекти – изјави претходно Гедеон за германскиот магазин „Бунте“.

Буркхард живее во Берлин со двете девојки Ен-Брит Дитмар и Саша Ведута во простран стан во стара зграда, а подоцна се вселила и неговата мајка Елизабет фон Моло.

Гедеон Буркхард со девојките / Фото: Action Press / Shutterstock Editorial / Profimedia

Актерот зборуваше за својата девојка Саша во јуни 2022 година. Тој рече дека одлично се согласуваат и дека имаат многу исти желби во животот. Бидејќи таа е Украинка, на почетокот биле во врска на далечина.

– Саша ме посети две недели пред почетокот на војната и потоа, се разбира, не можеше да се врати – рекол тогаш Гедеон.

Гедеон со Саша Ведута / Фото: Nicole Kubelka / imago stock&people / Profimedia

Инаку, Буркхард освен во сериите „Инспектор Рекс“ и „Кобра 11“ имаше забележителна улога и во филмот на Квентин Тарантино „Неславни копилиња“ (Inglourious Basterds).

Фото: kpa / United Archives / Profimedia

Да потсетиме, Буркхард се школувал во Англија, а актерската кариера ја започнал во 1979 година во германскиот филм „Танте Марија“. Тој живеел во САД во текот на 1990-тите, каде што работел на неколку продукции, но ниту една не го направила толку познат како серијата „Инспектор Рекс“. Инаку, Буркхард беше во брак со активистката и организаторка на настани Биргит Канингам, но љубовта не траеше долго.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот