ДЗР: Градежни објекти се користат со години без да се изврши примопредавање на општините

Државен завод за ревизија / Фото: МИА

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за транспорт и врски (МТВ), а ревидирани се две основни сметки од работењето на Министерството.

ДЗР како клучни утврдени состојби ги посочува финансиските извештаи за нематеријални средства, за кои се евидентирани идејни решенија и физибилити студија, но не е обезбедена документација. Во рамките на позицијата материјални средства во подготовка евидентирани се градежни објекти кои се завршени во минати години, истите се користат и со години се во употреба, без да се изврши нивно примопредавање на општините. Кај пописот на нематеријалните средства и дел од материјалните средства – градежни објекти, ДЗР констатира дека не е направено усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба утврдена со пописот.

– Во финансиските извештаи на позицијата нематеријални средства евидентирани се идејни решенија – планска документација од 2009 и 2010 година, за хотел Градска куќа и Мал ринг во вкупен износ од 603 илјади денари и физибилити студија во вкупен износ од 11.082 илјади денари (за изготвување на физибилити студија износ од 6.000 илјади денари и консултантски услуги извршени во 2015 година за утврдување на исплатливост при склучување на договор за ЈПП за финансирање, изградба, користење, управување и одржување на ГТЦ во Скопје во износ од 5.082 илјади денари), се наведува во извештајот.

Државниот завод за ревизија препорачува одговорно лице да преземе активности за изнаоѓање на документацијата на евидентираните нематеријални средства во сметководствената евиденција на Министерството.

– Во финансиските извештаи на позицијата материјални средства евидентирани се свлечишта во вкупен износ од 165.674 илјади денари, за кои МТВ на ревизијата не и обезбеди поткрепувачка документација како основ за нивно евидентирање. Од страна на пописната комисија нема изготвено пописна листа на свлечишта по локации и во каква состојбата се истите. Во извештајот на пописната комисија само се наведени свлечиштата со вкупна вредност преземена од сметководствената евиденција, додаваат од ДЗР.

Од Ревизија препорачуваат и одговорното лице на МТВ да преземе мерки и активности за да се обезбедат записници од веќе извршеното примопредавање од минати години и да се пристапи кон раскнижување на градбите од сметководствената евиденција на Министерството.

Како системски слабости во извештајот се наведуваат Одлуката на Владата донесена во август 2018 година со пренос на акции, со кои МТВ станува сопственик на операторот на електро-преносниот систем (АД МЕПСО) како резултат на сопственичко раздвојување на операторот од Владата, субвенционирање на јавната услуга за превоз на патници и трансфери на средства за подмирување на обврски кон добавувачи и плати за вработени за 2022 година, а ЖРСМ Транспорт АД – Скопје прикажува најголеми трошоци и помалку издвоени средства од предвиденото законско право за железничка инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот