Џулија Робертс ќе го добие почесниот „Цезар“ на 50. доделување на француските филмски награди

Џулија Робертс / Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Американската актерка Џулија Робертс ќе биде наградена со почесен „Цезар“ на 50. церемонија на најпрестижните филмски награди во Франција на 28 февруари, објавија организаторите.

Оваа актерка се прослави во 1990 година во улогата на проститутката Вивијан Вард во филмот „Убава жена“ кога имаше само 23 години, а глумеше покрај Ричард Гир.

Сними уште неколку романтични комедии кои постигнаа огромен успех, како „Нотинг Хил“, а доби и Оскар за улогата на Ерин Брокович во истоимениот филм од 2001 година.

И денес е една од најпознатите и најсаканите актерки во Америка, а позната е и по нејзините хуманитарни ангажмани за заштита на животната средина.

Француската режисерка и актерка Ањес Жауи и британскиот режисер Кристофер Нолан годинава ќе го добијат почесниот „Цезар“ за целoкупната кариера. Актерката Катрин Денев ќе биде домаќин на церемонијата на доделување на престижните награди, која ќе се емитува на Канал плус.

Номинациите треба да бидат објавени на 29 јануари. На минатогодишното 49. издание триумфираше филмот „Анатомијата на падот“ на Џастин Триет („Цезар“ за најдобар филм и најдобар режисер).

Братот на Џулија Робертс јавно ѝ се извини на актерката по контроверзната изјава од 2018 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот