Џими Картер е првиот американски претседател кој наполнил 100 години

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џими Картер, денеска наполни 100 години, со што стана првиот претседател кој доживеал да прослави еден век живот.

Картер беше претседател од 1977 до 1981 и потоа четири децении го водеше Центарот „Картер“, што го основа со сопругата Розалин во 1982.

„Ретко кој доживува 100 години, па уште ако го искористил тоа време за да прави толку многу добро на други луѓе, тоа е вредно за прослава“, изјави Џејсон Картер, внукот на Картер и сегашен претседател на управниот одбор на Центарот „Картер“.

Џими Картер е роден на 1 октомври 1924 во Плејнс, каде што живееше повеќе од 80 од своите 100 години. Се очекува тој да го одбележи роденденот во истата еднокатна куќа што ја изградил со Розалин во почетокот на 60-тите, пред за првпат да биде избран во Сенатот на Џорџија. Поранешната прва дама, која исто така е родена во Плејнс, почина минатиот ноември на 96 години.

Во чест на роденденот, Центарот „Картер“ организираше музичка гала-вечер во Атланта на 17 септември, при што беа собрани 1,2 милиони долари за програмите на центарот.

Картер последен пат беше виден во јавност пред речиси една година, кога присуствуваше на двете погребни служби за неговата сопруга, со која помина во брак 77 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот