Џенова го пречекува Јувентус пред празни трибини поради нереди

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Натпреварот од шестото коло во Серија А помеѓу фудбалерите на Џенова и Јувентус ќе се одигра во сабота пред празните трибини на стадионот „Луиџи Ферарис“.

По препорака на Опсерваторијата за спортски настани, која ги надгледува безбедносните прашања, градските власти донесоа ваква одлука поради масовна тепачка на навивачите.

„Навивачите“ на Џенова и Сампдорија се судрија на мостот, нападнаа и припадници на органите на редот, а тоа беше увертира за осминафиналето од Купот на Италија минатата среда, во кој учесникот во Серија Б славеше на пенали. Во тие немири беа повредени 41 полицаец.

Речиси сигурно е дека истата одлука ќе биде применета и за следниот натпревар на Сампдорија, која следниот петок го пречекува Јуве Стабиа во седмото коло од вториот ранг на италијанскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот