Џастин Тимберлејк уапсен! Пејачот возел во алкохолизирана состојба

Џастин Тимберлејк / Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Популарниот пејач Џастин Тимберлејк е уапсен поради возење под дејство во Хемптонс, изјави претставник на органите на редот за „АБЦ њус“.

Имено, апсењето се случило во понеделникот вечерта во Саг Харбор, Њујорк. Поп-ѕвездата денеска треба да излезе пред суд. Претставник на полициската управа Саг Харбор изјави за „Мирор“ дека пејачот моментално е во притвор во нивната станица.

Како што објави „Мирор“, извори велат дека се однесува на сообраќаен прекршок, односно дека возел во пијана состојба.

„Џастин беше на вечера со пријателите и имаше полициски автомобили паркирани надвор од ресторанот, како и секоја вечер. Тие бараат луѓе кои се надвор после полноќ и можеби пиеле“, рекол изворот за „Дејли мејл“.

Џастин наводно отишол да се сретне со пријателите во хотел во понеделникот вечерта во Саг Харбор на вечера и околу 00:30 влегол во својот автомобил за да вози до местото каде што престојувал. Но, веднаш штом седнал зад воланот, полицијата го запрела и го привела. Пејачот не застанал на знакот за стоп и бил запрен, по што одбил да направи алкотест.

Инаку, Тимберлејк има најавени два концерта во Чикаго овој викенд и два во Њујорк следната недела.

Поранешна „Плејбој зајачица“ тврди: Џастин Тимберлејк ја изневери Камерон Дијаз со мене

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот